По стотче за бензин?

Екипажот на авионот на ЕрФранс, кој од Париз тргна за Бејрут ама заврши во Дамаск, морал да собира пари од патниците за да плати гориво за да си замине од Сирија.

Властите на аеродромот во Дамаск одбиле да ги прифатат кредитните картички за гориво кои екипажот редовно ги користел, и наместо тоа побарале готовина.

На крај, најдено е решение кое од ЕрФранс не го објасниле детално, ама авионот полетал без патниците да треба да плаќаат.

Инаку, авионот на Ерфранс тргнал за Бејрут, ама заради немирите во Либан, тој бил пренасочен кон Аман, но морал присилно да слета во Дамаск заради недостаток на гориво.

ЕрФранс уште пред неколку месеци ги прекинал летовите за Сирија.

17 август 2012 - 11:08