Олимпијада ќе има ама ќе биде издишана

Токио 2020, што ќе се одржи во јули 2021, ќе биде „упростена“ Олимпијада најави првиот човек на организацискиот комитет.

Игрите во март годинава беа презакажани заради стравот од ковид-19, а кога ќе се одржат најавата е дека тие „нема да бидат направени со голем раскош“. Една од најавените мерки е дека ќе биде ограничен бројот на ангажирани околу Игрите, како и големината на церемонијата.

Организаторите објавија дека работат на повеќе од 200 идеи за поедноставување на игрите и намалување на трошоците околу нив. За сега не е отфрлена ниту идејата за намалување на бројот на фанови на кои ќе им биде дозволено во живо да ги гледаат игрите. Она што се знае е дека распоредот за игрите останува непроменет.

Околу потенцијалното целосно откажување на игрите организаторите порачаа дека не сакаат да „дискутираат шпекулации базирани на хипотетичко сценарио, па затоа нашиот правец е воопшто да не ни размислуваме за откажување“.

На ист став е и гувернерката на Токио, Јурико Коике, кој изјави дека не ја разгледувала можноста Олимпијадата да се откаже ако вирусот продолжи да дивее низ светот. Моментално Токио плаќа огромни сметки за одржување на спортските борилишта и целата инфраструктура поставена за Олимпијадата која требаше да почне за некој ден.

11 јуни 2020 - 12:04