Џими Картер:

Олигаргхијата владее со изборите

Поранешниот американски претседател Џими Картер изнесе тешки обвинувања за постоечкиот изборен модел во САД нарекувајќи ја земјата олигархија која има неограничени можности за политичко подмитување.

Олигархијата и нејзините пари се клучен фактор во изборот на кандидатите и конечниот исход на изборите, смета 39-0т американски претседател. Замолен да јан коментира миnатогодишната одлука на Врховниот суд за укинување на ограничувањата на политичките донации, Картер рече дека таквата одлука ја уништува суштината na политичкиот систем и она што ја прави таа земја голема.  Тој напомена дека ваквото решение ги фаворизира оние коишто веќе се на функција, што важи и за Конгресот и за Сенатот.

"Тоа е комплетна субверзија на нашиот политички систем кој се претвора во отплаќање на долговите кон големите донатори кои за парите очекуваат возвратни услуги откако изборите ќе завршат", рече Картер акцентирајќи го фактот дека оној што веќе е во Конгресот има многу повеќе што да им понуди на потенцијалните донатори од оној кој го предизвикува. 

Врховната судијка Рут Гинзберг која беше една од оние кои се спротивстави на сегашното решение (укинувањето на лимитите во изборните кампањи беше донесено со гласање 5:4) своевремено изјави дека ваквата одлука бил најразочарувачкиот момент во нејзината 22 годишна судска пракса.

3 август 2015 - 13:36