Обемот на бегалскиот проект на Германија

Во јануари Германците предвидуваа дека годинава во земјата ќе пристигнат 300.000 бегалци. Во август годинава министерот за внатрешни, по репрограмирање на бројката, соопшти дека очекувањата се 800.000 луѓе.

"Кога Германците велат, 'Ќе примиме 800.000 луѓе годинава,' ова не се луѓе што Германија ги има избрано или покането на каков било начин. Ова се луѓе кои само се појавуваат," објаснува ко-основачката на Институтот за миграциски политики од Вашингтон, Кетлин Њуланд.

Таа не го негира бројот на бегалци што САД секоја година ги вдомува, "на хартија САД е гигант во бизнисот за прием на бегалци." Меѓутоа клучната разлика е во тоа што луѓето кои завршуваат во САД претходно минуваат најдетална и обемна анализа, која трае од една до две години, додека на Германија само и се појавуваат вагони со луѓе на граница.

"За подобра перспектива што значи ова. САД имаат речиси 4 пати поголема популација од Германија, и се речиси 28 пати поголеми по територија. Всушност, Германија е многу поблиска по територија до Калифорнија, отколку до САД. Во однос на БДП по глава на жител Калифорнија од 2014-та е пред Германија.

Па замисли дека избива војна во Мексико, Ел Салвадор и Гватемала. Замисли дека во САД секоја година влегуваат два до три пати повеќе не документирани бегалци отколку претходно (досегашниот просек е 350.000) и сите тие одат во Калифорнија и бараат азил," објаснува Хедер Хорн во Атлантик.

15 септември 2015 - 12:32