Новинарите паднаа на Путин

По неколку месеци дробење за тоа како Путин ги наместил изборите, како ги задушува медиумите и како генерално автократски владее со Русија, западните медиуми добија шанса да се сретнат на прес со рускиот претседател. И, се стопија пред него.

Интервјуто на Путин со западните медиуми на Г20 самитот заврши толку добро што на крајот дел од новинарите дури го бодреле и му аплаудирале на рускиот претседател.

Путин го продолжувал разговорот со новинарите надвор од планираниот термин, неколку пати дозволувајќи "само уште едно прашање."

Рускиот претседател уште на почетокот ги одговорил тешките прашања: Дали мисли дека треба да има меѓународна интервенција во Сирија - не, не мисли дека треба; Кои прашања ќе ги постави на следниот состанок на Г20 што треба да се одржи во Русија - околу силата на американскиот долар и проблемите со американскиот долг.

По ова, следел "делот за публика" во кој одговарал на прашања како: дали е возбуден околу Олимпијадата во Лондон - тој е возбуден околу натпреварите во џудо; или кого би земал Путин како партнер на шпионска мисија, на што рускиот претседател го дал нај КГБ одговорот - никого, повеќе не сум шпион.

21 јуни 2012 - 13:30