Некој реши вооружено да се пресмета со "педофилите на Хилари"

Пред некое време пишувавме за исклучително неверојатната теорија на заговор околу Хилари, една пицерија во Вашингтон и педофилија. Пред некој ден маж упадна во првоосомничената пицерија и испука неколку куршуми во обид, како што тој тоа го гледа, да ги спаси децата од педофили.

28-годишниот Едгар Велч е уапсен во пицеријата, а за Њујорк тајмс изјавува "само сакав да направам нешто добро, ама тргнав по лош пат. Жал ми е како се справив со ситуацијата."

Велч исто така признал дека за време на упадот во пицеријата со полуавтоматска пушка АР-10 не нашол заробени деца (кои според теоријата на заговор се чуваат за после да бидат споделени меѓу педофили), иако од сегашна перспектива гледа дека "информациите за тоа не биле 100% сигурни".

Иако признава сè, тој има проблем со две работи: прво, тој отфрла дека за информацијата околу педофилијата и пицеријата прочитал на интернет, и второ, никако не му се допаѓа терминот "лажни вести" кој го смета за понижувачки обид за омаловажување на вестите што доаѓаат од алтернативните медиуми.

Повеќе околу Пицагејт, тука

9 декември 2016 - 09:33