Наградата за ЕУ, круната за Норвешка

Норвежаните и дадоа Нобелова награда за мир на ЕУ, што не значи дека Унијата треба да си ласка дека тие воопшто помислиле да станат нејзини членови.

Норвешка со сите свои предности и достигнувања, нема никаква намера да прифати зачленување во Унијата. Државата е сериозно евро-скептична а единствена причина зошто ЕУ ја доби годинешната награда е што Агот Вале, член на Нобеловиот комитет и познат подржувач на "Не на ЕУ" движењето, годинава беше премногу болен за да стави вето на наградата, како што тоа го правеше во изминатите неколку години.

На Слејт, Мат Иглезија ја објаснува својата теорија зошто Норвешка не е членка на ЕУ: додека природните ресурси и етиката на еднаквост земјата ја направија богата и меѓународен добротвор, Норвежаните не сметаат дека држави како Шпанија и Грција заслужуваат дел од нивната меѓународна солидарност. Тие едноставно не се доволно сиромашни (за да ја заслужат помошта). А тоа што му припаѓаат на ист континент не е нешто посебно за Норвежаните да се врзат за нив.

Токму затоа Комитетот во доделувањето на наградата не заборави да го спомене помирувањето на Германија и Франција, и транзицијата во демократија за Шпанија, Португалија и Италија. Иако економијата не изгледа добро во моментот, барем во последните половина век на континентот не започна некоја нова светска војна, пред се благодарејќи на ЕУ.

13 октомври 2012 - 13:50