Минхен неќе пасти

Над Минхен летаат хеликоптери, јавниот превоз е прекинат, а луѓето се советуваат да не се собираат на јавни места бидејќи во тек е потера по напаѓачите кои убија 8 или 9 луѓе пукајќи кому иде по градот. А со напаѓач избеган на кровот, муабети Југос.

Се оперира со тројца напаѓачи кои зад себе оставија нешто под десет мртви луѓе иако бројката не е конечна со оглед на тоа што има многу ранети.

Во Минхен во тек е најголемото вадење полициски сили и специјални единици на улиците во последниве децении. Кон градот лета и елитниот граничен одред GSG9.

А убивањето -  идиотско и подмолно.

Има едно друго видео во кое човек зборува со еден од напаѓачите кој е качен на покривот на шопинг центарот во кој се пукаше (едно време ќе му излета едно "нашки'': 'Хајде вамо!)

Главно, му вика дека е кретен и дека е дркаџија.

- Јас сум роден во Германија! - гордо ќе му врати овој кретенов кој малку изгледа пореметено.

-  Не менува тоа ништо кога си дркаџија! - му вика "нашиов".

Инаку, во овој момент официјално не се знае ништо за мотивите на нападите.

22 јули 2016 - 23:34