Милијардерот што сака да биде шабан

Со доаѓањето на Кси Џинпинг и неговата политика на скромност, кинеските богаташи се трудат колку е можно повеќе да бидат неупадливи. Меѓу овие не е милијардерот и колекционер на уметности Лиу Јикуиан.

Поранешниот таксист од Шангај, моментално има изградено и наполнето два музеја претежно со кинески уметнички дела. И покрај расположението кон уметноста човекот изгледа како да се труди со цела сила да се однесува како тазе богаташ.

Во јули минатата година комплетниот кинески дел од интернетот збеснува откако тој сподели слика како пие чај од 500 години стара порцеланска чинија која му припаѓала на императорот Цијанлун.

Садот го купува на во Хонгконг, за 36 милиони долари, и плаќа со кредитна картичка. За да биде уште по драматично плаќањето го прави со 24 поминувања на неговата Американ Експрес Центурион картичка. Дури во интервју за Блумберг сфаќа колку бонус поени собрал со трансакцијата.

Американ Експрес картичката ја вади и минатиот месец за да плати за една тибетанска ткаенина од 15 век, која ја добива на аукција за 45 милиони долари. Сега картичката ја минува 31 пат и потпишува исто толку сметки.

Пред 36 години, на 16 годишна возраст Јикуиан се отпишува од училиште и почнува да изработува кожни торби. По 6 години шиење тој заштедува доволно пари за да купи автомобил кој ќе го користи како такси. Станува еден од првите приватни таксисти во Шангај.

Кон крајот на 80-те, кога кинеските државни компании почнуваат да издаваат акции, тој влегува и во овој бизнис. Купува акции во вредност од 60.000 јауни (200 јуани по акција) од ланецот продавници Ченг Хуанг Миао. Ги продава кога достигнуваат вредност од 10.000 јуани по акција.

Моментално работи со финансии и градежништво.

18 април 2015 - 15:03