Мајкл Мур: Пет работи за правење веднаш

Филмаџијата кој се чинеше осамен крик кога наброи 5 работи зошто ќе победи Трамп и уште летоска им порачуваше на Американците да се навикнат да ги изговараат зборовите "претседателот Трамп", објави листа од 5 работи кои мора да се направат веќе првиот ден по поразот на Хилари.

За сабајлето по изборите:

1.  Преземете ја Демократската партија и вратете им ја на луѓето. Мизерно нè разочараа.

2. Отпуштете ги сите експерти, познавачи, предвидувачи, аналитичари и сите оние кои медиумски ја верглаат истата приказна и одбиваат да слушаат и да разберат што навистина се случува. Истите тие дрвачи сега ќе зборуваат како треба "да ги прекинеме поделбите" и "да излеземе заедно". Допрва од гз ќе вадат такви работи деновиве. Исклучете ги.

3. Секој демократ во Конгресот која сабајлево не се разбуди подготвен за борба, отпор и опструкција како што тоа цели 8 години го правеа републиканците против Обама, треба да отстапат и да го ослободат патот на оние од нас кои знаат како да го сопрат лудилото кое допрва започнува. 

4. Сите мора да престанат да кажуваат како се "стаписани" или "шокирани". Со тоа признавате дека сте живееле во меур и не ви било гајле за другите Американци и нивниот очај. ГОДИНИ на баталеност од двете партии, гневот и желбата за одмазда само им растеше. Попат се појави и ТВ ѕвзезда која ја сакаа а чиј план беше да ги уништи двете партии и на сите да им каже: ОТПУШТЕНИ СТЕ! Победата на трамп не  изненадување. Тој никогаш не беше смешка. Третирањето како смешка само го правеше посилен. Тој истовремено е и креатура и креација на медиумите.

5. На секој што денес ќе го сретнете, треба да му ја кажете следнава реченица: "ХИЛАРИ КЛИНТОН ОСВОИ МНОЗИНСТВО ОД ГЛАСОВИТЕ НА ЛУЃЕТО". Да, МНОЗИНСТВОТО Американци ја претпочитаат Хилари пред Трамп. Точка. Факт. Ако се разбудивте со чувство дека живеете во сјебана држава, не живеете. Мнозинството од вас ја сакаа Хилари а не Трамп Единствената причина што сега тој е претседател е налудничавата идеја од 18-от век за изборен колеџ. Сè додека тоа не го смениме, ќе имаме претседатели кои не сме ги изгласале и кои не ги сакаме. Живеете во земја во која повеќето граѓани рекле дека веруваат во постоењето на климатските промени, дека веруваат во рамноправност на жените, дека сакаат образование без алчни кредити, дека не сакаат да окупираат други држави, дека сакаат покачување на минималната плата, дека сакаат вистински и универзален здравствен систем. Ништо од ова се нема сменето со изборите. Живееме во земја во која повеќето граѓани се на "либерална" позиција. Само што ни недостасува либерално водство за тоа да го оствариме.

Ајде да пробаме да го направиме тоа до пладне.

Мајкл Мур.

10 ноември 2016 - 09:54