Колку чини да се затвори Бостон на 1 ден

Поширокиот центар на Бостон деновиве беше речиси комплетно затворен (продавници, улици, фирми) како дел од потрагата по двајцата осомничени за бомбашкиот напад. Во овој период единствено работеше Данкин Донатс.

Цената на оваа одлука (без разлика што беше неопходна од безбедносна гледна точка) се проценува на 333 милиони долари на ден.

"Бостон има економија вредна 1 милијарда долари на ден. Меѓутоа целата оваа економска активност, пред се благодарејќи на информатичките технологии и работењето од дома, не прекинува заради затворањето на градот и може да продолжи да функционира паралелно со тоа. Дел од активностите ќе бидат префрлени за утре или за кога и да го фатат дечкото. На пример работи како купување автомобили или производи за дома, сите тие можат да бидат префрлени во друго време," објаснува потпретседателот и главен економист на IHS Global Insight, Џим Дифлиј.

Меѓутоа од целата економија, тој проценува дека заради затворање се губат меѓу 250 и 333 милиони долари на ден.

"Околу една четвртина е најдобрата претпоставка. Меѓутоа ако ова продолжи трошоците ќе почнат да се зголемуваат."

Заради успехот на Њујорк и Вашингтон во опоравувањето по нападите од 11-ти септември, тој верува дека затворањето нема да имаат долгорочни проблеми врз градот. Инаку Бостон моментално е градот со 9-та по големина економија во САД, која е поголема отколку економијата на Грција, Сингапур, Португалија или Ирска.

20 април 2013 - 12:49