Како Украинците протестираа во Сочи

Параолимпијадата се погоди во исто време со случувањата на Крим. И покрај се' Украинците не сакаа да им и пропадне целиот труд и одлучија да се појават на Игрите. Таму, најстрого беше забранет каков било политички протест од страна на спортистите.

Гневни заради руската инвазија на Крим, украинските параолимпијци на секое доделување (вклучително и оние на кои присуствуваше Путин) со рака ги покриваа добиените медали.

"За жал медалите се произведени и се доделуваат од земја домаќин која се однесува како агресор кон нашата земја. Сакаме да покажеме дека агресија и високите идеали на параолимписките спортови не се компатибилни," изјавил првиот човек на украинскиот параолимписки комитет Валериј Сушкевич.

Со 25 медали (5 злато, 9 сребро, 11 бронза) Украина заврши на 4-то место на Игрите. Неприкосновено прва беше Русија со вкупно 80 медали (повеќе отколку следните 5 држави заедно).

17 март 2014 - 08:53