Од каде му на Сандерс толку разлика пред Хилари

Пред една година Хилари Клинтон во Њу Хемпшир има 40 поени предност пред Берни Сандерс. Синоќа на партиското гласање Хилари беше поразена со над 20 поени разлика.

Анализата на гласовите, покажува дека Сандерс ја победува поранешната Државна секретарка во речиси секоја подгрупа:

- Меѓу мажи Сандерс победува со 66% спрема 32%.

- Меѓу жени Сандерс победува со 55% спрема 44%.

- Сандерс добива поддршка од 83% од гласачите на возраст од 18 до 29 години, 66% од гласачите меѓу 30 и 44 години, и 53% од групата 45 до 64 години. Единствена група во која тој е поразен е 65 години и нагоре.

- Сандерс освојува мнозинство и меѓу сите групи поделени според примања, освен оние што заработуваат над 200.000 долари годишно, кои со мнозинство од 53% беа за Клинтон. Сандерс со 71% од гласовите победува кај гласачите кои заработуваат под 30.000 долари годишно.

- Меѓу регистрираните демократи Сандерс ситно ја победува Клинтон со 52 спрема 48 проценти. Затоа кај независните освојува неверојатни 72% од гласовите, наспроти 25% на Клинтон.

- Кај "многу либералните" победува со 66%, а кај "умерените" со 58% од демократските гласачи.

10 февруари 2016 - 11:48