Како Катар за беспари ослободи киднапиран Американец

За разлика од Фоли кој беше убиен откако ИСИС побара откуп од 100 милиони евра, викендов е ослободен Питер Куртис, кој пред 2 години беше киднапиран во Турција. За Куртис не беше платена ни пара.

Детали за трампата не се знаат, само познато е дека тајната служба на Катар има посебно осетливи информации за Џахбат Ал-Нусра, групата која веќе 2 години го чуваше Куртис.

Вашингтон Пост објавува дека американскиот бизнисмен Дејвид Бредли, составил тим за потрага по затвореникот, откако минатата година разговарал со роднината на Куртис.

Бредли заедно со својот тим минатиот месец отпатувале во Катар, каде требало да се сретнат со тамошните претставници на тајните служби. Откако ја откриле локацијата на Куртис, тие почнале да организираат акција за негово спасување.

Затоа што било проценето дека операцијата е ризична, тие за неа морале да добијат дозвола од шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани, актуелниот Емир на Катар. По ова настануваат неколку компликации, за на крај Џахбат Ал-Нусра да решат сами да го испорачаат Куртис во Израел. Таму него го дочекува ФБИ.

27 август 2014 - 09:55