Како е можно да изгубиш авион во 2014-та

Боинг 777-200 е авион со должина од 63,7 метри и распон на крилјата од 60,9 метри. Токму ваков авион веќе неколку денови не можат да го најдат спасувачки екипи од 9 држави, вклучувајќи ги и САД. За сега, заклучокот е дека што и да се случило со авионот, се случило брзо.

Авионот на Малезија Ерлајнс исчезнува некаде над Јужното кинеско море, што значи дека ќе минат месеци или години пред да знаеме што точно се случило со него. Во една претходна ваква несреќа од јуни 2009-та, беа потребни 2 години пред да се открие црната кутија од летот на Ер Франс, кој падна во Атлантикот.

"Едноставната вистина е дека е многу тешко да се најдат работи во водата," изјавил поранешниот пилот на американската армија и консултант за авијација, полковникот Џ. Џозеф.

Причината зошто капетанот со минати над 18.000 часови во летање, не ги алармирал аеродромските власти за проблем со авион е пилотската мантра "управувај, навигирај, па потоа комуницирај." Самите екипажи на авионите се учени дека комуникацијата со земјата е на второ место.

Една од најчестите погрешни претстави за авијацијата е дека авионите се во постојана комуникација со контролната кула или дека тие се следени на радар. "Кога авионот ќе се оддалечи над 200 километри од брегот, радарите повеќе не работат. Тие едноставно немаат толкав домет. По оваа точка цивилните летала комуницираат на високи фреквенции. Екипажот се пријавува на фиксни точки по пат, и ја кажува својата позиција, брзина и висина."

Што се однесува до ГПС-те на авионот, тој им кажува само на луѓето во него каде се наоѓа авионот, а не и кажува на контролата каде се наоѓа авионот. (Примерот од Вајард е: ако со вашиот Ајфон отидете во пустина, тој ќе ви покаже каде се наоѓате, ама тие што се кај вас дома нема да можат да го користат Find My Phone за да ве лоцираат, бидејќи пустината не е покриена со мобилен сигнал.)

Самата големина нема да помогне во откривањето на авионот заради големината на океанот, а проблемот зошто после 3 дена пребарување ништо се нема појавено е тоа што најверојатно спасувачите бараат на погрешно место.

За експерти за авијација премногу е рано да се зборува што му се случило на авионот, единствено се согласуваат дека што и да се случило било инстантно и најверојатно на голема висина.

"Секој аеродинамичен дел од крилата или од опашката, ветерот ќе го разнесе како најлонска кеса. Потешките делови како моторот или опремата за слетување ќе падне директно во океанот. Горивото и останатите течности ќе се распрскаат во воздухот, оставајќи малку докази. Ова се случи за време на враќањето на шатлот Колумбија во 2003-та. Разликата е што тогаш несреќата се случи над копно. Откривање на отпад во отворен океан е многу, многу потешко," пишува Џордан Голсон за Вајард.