Како Чикаго стана Chiraq

За време на велигденскиот викенд (сабота, недела, понеделник) на улиците на Чикаго биле застрелани вкупно 45 луѓе, од нив 6 деца. Не како дел од масакр, туку редовни престрелки меѓу банди и криминалци. Chiraq = Chicago + Iraq.

Пет деца на возраст под 15 години (четири девојчиња и момче) се застрелани на игралиште на кое биле по велигденската служба во блиската црква. Според сведоци, пред пукањето кај игралиштето застанал автомобил, а луѓето во него ги прашале децата дали се во некоја банда. Се уште не е сигурно дали децата стигнале да одговорат, пред на нив да биде отворен оган од автомобилот.

Две момчиња (16 и 18 години) имале расправија на интернет со еден 30-годишен маж. Откако човеков го пишува последниот пост во расправијата, се појавува во живо кај момчињата и ги убива.

Двајца други мажи биле убиени додека седеле во автомобил во кој имало и две деца (3 и 7 години).

Сите овие бројки следуваат откако минатиот викенд во градот беа застрелани вкупнo 37 луѓе.

23 април 2014 - 12:36