Како би изгледала можната руска инвазија на Украина

Она што тргна како кримска верзија на "нико не сме да вас бије," се разви во окупација на околу десет украински градови (на страна од тие на Крим). Заради ова и идејата за евентуална руска инвазија на Украина и не изгледа така неверојатна.

САД отворено ја обвини Москва за поддршка на про-Руските сепаратисти. Украинската влада објави ултиматум до истите овие луѓе дека со нив ќе се справи со сила (што и не се случи со толкава јачина колку што се очекуваше). Сепак никој не се надеваше дека Украинците ќе се залетаат со акцијата, пред се заради стравот дека ова би било оправданиве за Русија да почне инвазија на земјата.

Минатата недела лондонскиот Royal United Services Institute (од кој се вади соодветниот акроним RUSI) објави извештај и мапа со правците на потенцијалната руската инвазија на Украина.

 

Според авторите, има околу 50.000 руски војници на границата со Украина. Тие сметаат дека Русија има 4 воени опции на располагање.

- Првата опција е дека распоредувањето на војска на границата ќе и служи на Русија да врши притисок на локалните власти во пограничните опции. Ама ова е малку веројатно.

- Втората е дека Русија разработува "кримско сценарио" и во основа прави копнен коридор кој треба да го поврзе Крим со Русија.

- Третата е дека сите овие притисоци водат кон конечна поделба на Украина на два дела, јужно и источно од реката Дњепар. Моментално руските трупи се најдобро распоредени за ова сценарио.

- Четвртото сценарио предвидува дека Русија ќе оди подалеку и ќе го оствари "големиот план," во кој ќе создаде западен коридор од Приднестровие во Молдавија до Крим, преку Одеса и Николаевската област. Моментално ова сценарио изгледа најмалку веројатно.

 

17 април 2014 - 13:10