Италијанскиот премиер на сослушување за справувањето со ковид-19

Премиерот Џузепе Конте, министерот за здравство и министерката за внатрешни работи на Италија ќе бидат сослушувани од јавниот обвинител на земјата за начинот на кој владата реагираше и се справи со пандемијата.

Сослушувањето ќе биде дел од истрагата започната на 8 април од обивнителството во градот Бергамо, сместен во регионот Ломбардија каде од вирусот загинаа над 34.000 лица.

Главните два одговора што ги интересира во обивнителството се: зошто градовите Алзано Ломбардо и Нембро, не беа претворени во т.нр. црвени зони и покрај откривањето на случаи на ковид-19 уште на 23 февруари; и зошто болницата во Алзано Ломбардо беше затворена, дезинфицирана и повторно отворена само неколку часа по откривањето на првите случаи.

За разлика од овие два града, во Кодоњо уште на 21 февруари беше воведена првата црвена зона по само 24 часа откако докторите открија пациент позитивен на ковид-19.

Неделава во Бергамо роднини на жртвите од ковид-19 поднесоа 50 поплаки до тамошното обивинителство во кои се наведува дека двата града требало да бидат затворени веднаш штом таму бил откриен ковид-19.

За сето ова време локалните и централните власти разменуваат обвинувања за тоа кој е виновен. Главната расправа е околу еден закон од 1979, кој им дозволува на регионалните гувернери и градоначалници да преземаат вонредни мерки, вклучувајќи и оградување на одредени обласи по основа заштита на јавното здравје.

Обивнителството треба да утврди кој всушност требало да интервенира, локалните власти или централните, бидејќи станувало збор за пандемија која била национална закана а не локална.

12 јуни 2020 - 16:13