Инспектор од кинеските

Го именува новиот кинески претседател Кси Џинпинг, и до сега од партија со 87 милиони членови има уапсено околу 100.000 корумпирани функционери. Човекот се вика Ванг Куишан и е претседател на анти-корупциска.

Точното име на иституцијата е Централна комисија за дисциплинска инспекција, и моментално е толку ефикасна што има пример на луѓе кои не се уапсени ама се подготвени да извршат самоубиство само за да не се наруши угледот на нивното семејство, меѓутоа и за тие да го задржат нелегално стекнатото богатство.

Работата на комисијата се наведува и како еден од причините за падот на приходите на казината во Макао, и за падот на продажбата на луксузни производи од скапоцени пијалаци до тибетански мастифи кои се даваат како мито на високите функционери.

Куишан освен што ја предводи инспекцијата е и на чело на кинеското Политбиро, најмоќното политичко тело во земјата кое е составено од само 6 луѓе, меѓу кои и претседателот на Кина. Тој е познат и во американската политика, каде го сметаат за "патриот, одлучен и радознал човек, со генијална смисла за хумор." За време на паниката околу САРС тој се покажува како една од клучните личности, заради тоа што "не дозволувал глупости" и инсистирал на карантин и соработка со СЗО.

Тој се докажува во финансискиот сектор уште во 80-те години, а во 1994-та станува челник на Кинеската конструкциска банка, по што зазема три регионални функции, кои завршуваат со негово именување за градоначалник на Пекинг. За време на претходниот премиер тој е заменик премиер за финансии и трговија (2008/2013).

И покрај успехот во работата, една од главните забелешки е што неговата борба е насочена кон корупцијата на највисоките функционери а.к.а. "тигрите," меѓутоа го изостава "најопасниот, среден слој на функционери, од кои луѓето зависат во секојдневниот живот."

5 март 2015 - 13:35