Шо мајка ти?

Француска дипломатија со маалски фори

За Франција веќе не постои ни ИСИС, ни ИС, ни ИСИЛ. Им најдоа ново име - Даеш. Ова џихадистите го дочекаа со иста толерантност како и за сè до сега - кој го изговори ова име, му го сечеме јазикот.

Даеш (Daesh) е транскрипција на акронимот на арапското име за терористичката организација "al-Dawla al-Islamiya fi al-Iraq wa al-Sham."

Објаснувањето на францускиот министер за надворешни работи е дека ова што сега се случува нема никаква врска со исламска држава: "Ова е терористичка организација, а не држава. И тој не препорачува да се користи името Исламска држава бидејќи тоа ја заматува границата меѓу Исламот, Муслиманите и Исламистите. Арапите ја нарекуваат Даеш, јас ќе ги нарекувам касапите на Даеш."

Сличен став има и Џон Кери, кој се обидува да го воведе терминот - непријатели на Исламот. Група британски имами ја повика тамошната влада групата да ја ословува со "НеИсламска Држава"

20 септември 2014 - 16:46