Еден час во Газа, пред и потоа

Израел, кој тврди дека Хамас го крие оружјето меѓу цивилната популација во Газа, во понеделникот вечерта изврши околу 70 воздушни напади. При ова беше срамнета со земја единствената електрана во Газа и домот на политичкиот лидер на Хамас.

Според бројките од властите на Хамас, од почетокот на судирите околу 1.100 Палестинци се убиени и над 6.500 се повредени од израелското бомбардирање. Според процени на О.Н. 75% од убиените се цивили. Во истиот период Израел загуби 53 војници и двајца цивили.

Ова е пред и потоа фотката од една иста населба од Газа, по бомбардирањето на 26-ти јули:

Израелската армија објаснува дека тие ја бомбардираат бафер зоната во која се наоѓаат работилниците на Хамас за производство на ракети, како и подземните тунели кои тие ги користат за транспорт на залихи и напади на Израел.

Бафер зоната која израелската армија најави дека ќе ја бомбардира како дел од планот за демилитаризација на Газа

29 јули 2014 - 13:47