Драмата меѓу брегзитџиите

Борис Џонсон му зари нож во грб на сопартиецот Дејвид Камерон. Мајкл Гов му зари нож во грб на пријателот Дејвид Камерон. Во третиот чин од драмата, Мајкл Гов му зари нож во грб на соборецот од борбата за брегзит, Борис Џонсон.

Британските медиуми објаснуваат дека Гов извел "двоен Брут":

"Двоен затоа што пред Гов да го предаде Џонсон, тој го предаде Камерон, премиерот на заминување кој својата политичка иднина ја поврза останувањето на Британија во ЕУ. Гов беше и близок пријател на Камерон - двајцата, со нивните сопруги и децата, дури и заедно одеа на одмор - меѓутоа ја избра другата страна," пишува Кришнадев Каламур во текстот за Атлантик.

Целата приказна само дополнително се комплицира кога во неа ќе се додаде сопругата на Гов, Сара Вајн, колумнистка во Дејли Меил, весникот што беше еден од главните медиумски поборници за брегзит. На Вајн, во манир кој неодоливо потсетува на Клер Андервуд, не сакајќи во јавност и протекува меил во кој таа го тера својот сопруг да добие "конкретни гаранции од Борис или во спротивно не можеш да ја гарантираш сопствената поддршка."

Пред целата вина да се префрли на Гов, "дај малку да го свртиме вниманието кон Џонсон, човекот кој беше етикетиран како кловн."

"Во негова одбрана, кога Пирс Морган го праша дали е можно во исто време да се биде и премиер и кловн, Џонсон одговори: 'Се согласувам, мислам дека е многу тешко да се биде и едното и другото. Само имајте предвид дека имаше доста премиери на кои ова одлично им успеа.' Токму ваквата вербална вештина е она што го направи Џонсон екстремно популарен градоначалник на Лондон и политичар, а тој не се ни обиде да скрие дека неговата крајна амбиција е да биде премиер.

Џонсон, со други зборови, е харизматичен - веста дека тој не планира да се кандидира за да го замени Камерон расплака неколку негови симпатизери, иако неговите критичари истакнаа дека бидејќи тој успеа да ја извади Британија од ЕУ, тој треба да биде тој што ќе ја преземе одговорноста за она што го направи.

Сумирано, Гов е претставен како човекот кој му зари нож во грб на Камерон, со тоа што ја подржа кампањата за напуштање. Но Џонсон, како што тврдат многу негови критичари, прв му зари нож на Камерон. Впрочем пријателството меѓу Камерон и Џонсон е со години постаро од пријателството меѓу Камерон и Гов. Тие беа заедно на Етон и во Оксфорд, и беа пријатели и ривали, се додека, како што забележа Гардијан, Камерон, кој е две години помлад го победи Џонсон во трката за британски премиер. Кампањата за брегзит само дополнително ги раздвои," пишува Каламур.

1 јули 2016 - 14:10