Доналд Трамп е Личноста на годината

Доналд Трамп американски претседател во чекање, бизнисмен со недвижност и политички почетник чија кампања го привлече вниманието на целиот свет, е личноста на 2016 според магазинот Тајм.

И во овој избор Трамп ја победи Хилари Клинтон, која според магазинот завршила на второ место по бројот на гласови. Меѓу останатите кандидати во последен круг влегоа и: Бијонсе, хакерите, Ердоган, луѓето зад CRISPR.

"Заради тоа што ја потсети Америка дека демагогијата се храни од очајот и дека вистината е моќна само колку довербата во оние што ја зборуваат, за давање сила на електорат преку наметнување на нивните гневови и стравови, и заради врамување на утрешната политичка култура преку демолирање на вчерашната, Доналд Трамп е Личност на годината на Тајм за 2016," напиша уредникот на Тајм, Ненси Гибс.

Ова е десетти пат како Трамп ќе се најде на насловната на Тајм, и прв пат од август 2015. Неговото прво појавување на насловната беше во 1989.

7 декември 2016 - 13:54