Црни пари за туѓи бели БДП-а

По барање на Унијата, Италија мораше да се пресмета колку проституцијата и наркотиците влијаат врз економската стабилност на земјата. Сега незгодно им е да се пофалат со резултатите.

Вклучувањето на парите од нелегалните активности во БДП-то беше воведено за полесно да може да се спореди БДП-то меѓу различни членки на Унијата. Пред тоа Холандија во својот БДП ги вклучуваше парите од легалната продажба на марихуана, а Германија од легалната проституција. Ставки кои другите економии не може да ги пресметуваат.

Промената на формулата, најголема разлика направи во државата чиј премиер беше обвинет за спиење со малолетни проститутки - Италија.

Првичните извештаи беа премногу општи, меѓутоа месецов ОЕСД објави бројки според кој промената на формулата најмногу го засилило италијанското БДП, кое со воведувањето на парите од нелегални активности расте за цел 1 процент. На второ место е Шпанија со раст од 0,9%.

2 март 2015 - 17:17