Чадор револуцијата во Хонгконг

Кога луѓето во Хонгконг излегоа на протест, како што е редот за овој период од годината тие со себе земаа и чадори. Сред протест чадорот им се најде и како заштита од солзавец. Па сега протестите се преплавени со чадори.

Инстантното прифаќање на чадорот од страна на демонстрантите го претвори него во симбол на целото движење. Дел од медиумите протестите ги нарекуваат и "Чадор револуција," благодарејќи на се почестото користење на чадорите во одбраната од полицијата ("која либерално користи солзавец против демонстрантите").

Самите демонстранти ги искористија чадорите и како инстант билборди за испишување на своите пораки. А генерално чадорот демонстрантите го сметаат и за свој симбол кој ги двои од полициската бруталност.

Еден од непријатните сегменти на овој симбол е тоа што токму главниот непријател на демонстрантите, Кина, е производител на 70% од светските чадори.

30 септември 2014 - 10:33