Британија се од ЕУ корнеше?

Истите конзервативци што ги убедуваа Шкотите да не се отцепуваат од Британија, по победата на изборите имаат задача до 2017-та да испорачаат референдум за излегување на Британија од ЕУ.

Старо-новиот премиер Дејвид Камерон наводно веќе работ на планот за рефендум кој би требало да се оддржи во текот на следната година. Ако реферндумот се оствари во овој рок и го потврди излегувањето од Унијата, Британија ќе треба да почне технички да ги прекинува врските со ЕУ до крајот на 2016-та. Референдумот беше едно од клучните ветувања на Камерон за време на кампањата.

По извори на Гардијан, брзањето референдумот да се оддржи пред крајниот рок во 2017-та е за да се искористи поддршката што ја имаат Ториевците по изборите, и да се избегне ова прашање да се решава за време на изборите во Германија и Франција во 2017-та.

Моментално на ниво на Унијата само 23% од Британците имаат "генерално позитивен" став за ЕУ. Од сите членки на ЕУ помал процент имаат само Грците - 22.

Ваквото расположение на Британците треба да се земе предвид заедно со 3,8-те милиони гласови што на изборите во мај ги доби партијата за Независност, чија главна поента на постоење е излегување од Унијата.

Иако Конзервативците ќе мора да го спроведат референдумот заради тоа што го ветувале на изборите, тие како партија мнозински се против напушташе на Унијата. Нивниот став е дека "би сакале да останат во ЕУ и да преговраат за подобар договор."

18 мај 2015 - 16:40