Брат за брат, Пешмерга за 300 милиони долари

Курдските сили кои цело ова време се единствената групација што има успех против ИСИС, побараа од САД 300 милиони долари месечно за да ја продолжат борбата против ИСИС. Луѓето од септември немаат примено плата.

Парите што ги побараа курдските функционери им се "за плати, логистика и транспорт во борбата против ИСИС."

Советникот за надворешна политика на регионалната курдска влада, Хемин Хаврами, објаснил и дека курдските власти не можат да ги обезбедат ниту основните потреби за Пешмерга борците, како храна и зимска облека.

Хаврами не се ни сомневал во способноста на Пешмерга да го поразат ИСИС, се додека имаат финансиска помош од САД.

"ИСИС не успеа да заземе ниту еден метар од територијата што ја освоија Пешмерга борците," изјавил Хаврами, кој верува дека токму тие се единствените кои можат комплетно да го поразат ИСИС.

10 февруари 2016 - 10:55