Блумберг со лоши вести за Блумберг

Анкета спроведена од Блумберг (медиумот) извади разочарувачки бројки за Блумберг (милијардерот и политичар) и неговата амбиција да се кандидира за претседател предложен од трета партија - гласачите од Ајова едноставно не го сакаат.

Гласањето од Ајова е клучно затоа што од 1972-ра, кандидатот кој ќе победи таму има речиси 50% успешност во добивање на партиската номинација.

Што се однесува за поранешниот градоначалник на Њујорк, само 17% од Демократите и 9% од Републиканските гласачи биле "наклонети" кон Мајкл Блумберг. Уште поразочарувачко за амбициите на Блумберг е и што околу половина од републиканските гласачи имаат "ненаклонето" гледиште кон него, а кај гласачите од Демократите бројката е 26%.

За споредба, во истата анкета, спроведена по нарачка на Блумберг политикс и Де Мојн регистар, 50% од Републиканците биле наклонети кон Трамп, "чија кандидатура е навредлива и нејасна за г-дин Блумберг."