Алепо? Се мачка на леб?

Ни од третите нема фајде. Надежта на американските либертаријанци и алтернативата на претседателскиот избор змија (Хилари) или магаре (Трамп), баш прописно се избрука на јавна сцена.

Поранешниот гувернер на Ново Мексико и претседателски кандидат на Либертаријанската партија покажа раскошно непознавање во областа на надворешната политика. На новинарско прашање за кризата во сирискиот град Алепо, Гери Џонсон потпраша:

Што е Алепо?

Откако му мина неверувањето дека човекот навистина не знае што е тоа, новинарот му објасни што е Алепо по што Џонсон рече:

Аха, сфаќам!

По што изрецитира нешто општо за подобрувањето на односите со Русија за средување на сириската криза.

Џонсон засега има околу 10 процентна поддршка на гласачкото тело, потребни му се 15% за да биде вклучен во дебатите. После ваквиот гаф, можно е на негово конто да се прелеат симпатизери на Трамп па тој навистина да стигне до таа цифра.

9 септември 2016 - 12:00