Африкански самит без Африканци

Аамит за Африка одржан во САД минал без ниту еден делегат од Африка. На сите што се пријавиле за учество на самитот од тој континент, САД одбиле да им дадат визи.

Африканскиот глобален економски и развоен самит за одржлив развој на Африка годинава се одржал во Универзитет во Јужна Калифорнија и минал прилично тивко откако на околу 100 учесници од самата Африка им биле одбиени барањата за визи.

Самитот требало да ги охрабри американските бизнисмени да инвестираат во континентот и да поддржуваат проекти за чиста енергија, намалување на сиромаштијата и други звучни каузи. Настанот бил предвиден за претприемачи, корпорации и политички и цивилни лидери од САД како и за делегации од цела Африка. 

Од последново - нула.

„Обично ни одбиваат по околу 40% од пријавените делегати. Годинава беше 100%, од сите делегации. Многу тажно бидејќи вака луѓето комплетно се обесхрабруваат“, изјави организаторка на Самитот.

Меѓу одбиените биле експерти и владини претставници од Сиера Леоне, Гвинеја, Гана, Нигерија, Етиопија и Јужна Африка. Нивните барања за влез во САД биле одбиени без посебно објаснување.

20 март 2017 - 11:31