Разно

ЕУ му се заканува на Такер Карлсон со санкции заради интервјуто со Путин

Барбара Волтерс правеше интервју со Кастро за време на Студената војна а Оријана Фалачи со Кисинџер за време на војната во Виетнам. Кристијана Аманпур го интервјуираше Слободан Милошевиќ за време на масакрите во екс Југославија а Ден Радер го седна Садам Хусеин непосредно пред војната во Заливот. Такер Карлсон најави интервју со Путин и ете ти беља.

Европа не пие нафта, за гас не сме сигурни

Кога пред некоја година европските креатори на политики ги фати паника дека ќе нема гас за следната зима, наложија да се накрцкаат складиштата. И се накрцкаа, ама по ужасно големи цени кои и ден-денес ги држат сметките за домаќинствата високи. Мудрите европски глави решиле за течен гас да се потрошат 1,1 трилион долари, двојно повеќе отколку што би било потребно за да се обнови Украина. 

Мао Це Запад

Политичката цензура која денес владее на Запад е точно иста како онаа што владееше во Кина во ерата на Мао Це Тунг. Ова не го тврди некој денешен чауш од Комунистичката партија на Кина. Ова го вели познат кинески политички уметник и дисидент кој има пораснато, живеено и работено  во северозападна Кина а веќе осум години живее на Запад. 

Ај уште еднаш да се потсетиме која беда сме

Две третини од најпросперитетните држави во светот се во Европа (иако тоа не значи автоматски и во ЕУ; првите три на оваа табела не се членки на Унијата), но нееднаквоста е огромна, и во самата ЕУ и споредено со оние кои се надвор од неа. Луксембург и Бугарија се два света, иако во иста Унија. Ние? Додека Талат се курчи со паркирани Мерцедеси на плоштад додека пие кафе, ние ќе скроламе за да се најдеме.

Грција, американски спотер за достава на оружје за Украина

Како што блокадата на Републиканците за нова воена  помош за Украина се одолговлекува во четврти месец, администрацијата на Џо Бајден најде итар начин да им доставува оружје и муниција на украинските сили. Им даваат оружје и воена опрема на Грците за овие потоа да им даваат на Украинците.

Не е сè во прецизноста, има нешто и во позата

Јапонија стана петтата држава чие летало има слетано на Месечината (после Советскиот сојуз, САД, Кина и Индија). Слетувањето на нивното летало се смета за исклучително прецизно. Како врвен резултат се смета ако се приземји не подалеку од сто метри од посакуваната цел. Јапонците го слетале своето летало на помалку од десет метри. Со еден мал проблем.

Диши, диши, не диши

Во Алабама е извршена првата егзекуција на затвореник осуден на смртна казна со помош на азот. Викаат дека тоа било похумано отколку со инекција со смртоносен коктел, како што вообичаено се изведува смртната казна во САД. Похумано? Јадников се мачел и се копрцал цели 22 минути пред да умре. Но, тоа не е сè. Претходно го имаат убивано четири саати. 

Дали стварно канселираа и зачин?

Амстердам ќе менува име на улица кое носи име на морско оревче затоа што тоа, морското оревче, имало колонијалистички конотации. Глупи Грци, можеа да бараат со Преспански да ни се забрани и тоа име, да речеме затоа што употребата на терминот МОРСКО оревче сугерира дека имаме територијални претензии. Нема што немаше да прифатиме во таа фасцинантна капитулација. 

За образовните авторитети од „плиткото“

Гардијан како „револуционерна“ оценува една научна студија од Универзитетот Колумбија чии наоди велат дека не е баш мудро да се откажеме од хартиените книги, како што сугерираа некои наши надобудни НВО курсисти. Науката порачува: за подлабоко читање - читање од хартија, за поплитко - читање од монитор. Станува јасна приложената фотографија? 

Саух, Тесла, саух

Сопствениците на електрични автомобили во Велика Британија добија предупредување да ги држат колите наполнети во текот на ноќта и да ги загреваат пред употреба за да не бидат непријатно изненадени кога ќе излезат на пат на досега најниските температури оваа зима. Кај нив падна и на речиси минус петнаесет деновиве.

Американците задоволни од укинувањето на позитивната дискриминација

Мнозинството возрасни Американци се задоволни од одлуката на Врховниот суд да забрани при прием на факултет да се бодува и расата и етничката припадност, практика која ја имаа воведено многу инстутиции во име на поголемата вклученост на разните групи. Задоволни се не само белците туку и луѓето со азиско и хиспано потекло, па дури и црнците чиј прием опаѓаше и покрај позитивната дискриминација.

И американската авијација вработува „шуто и сакато“

Под чадорот на новотo американско вјерују: „диверзитет и инклузија“, американската федерална управа за воздухопловство активно регрутира луѓе кои страдаат и од „тешки интелектуални“ попречености, психијатриски проблеми и други ментални и физички состојби. Илон Маск е еден од оние кои не можат да се изначудат како се дојде до ова дереџе.

ВИ нека рмба, ние домаќинки ќе си бидеме

Речиси 40% од работните места кои денес постојат ширум светот би можеле да бидат погодени од развојот на вештачката интелигенција. Таквиот тренд веројатно уште повеќе ќе ја продлабочи нееднаквоста, предвидува Меѓународниот монетарен фонд. Можеби оние што поседуваат само ум и вештини ќе бидат загрозени, но затоа капиталот трие раце.

Дали Тејлор Свифт е таен агент на Пентагон?

И корпусот теории на заговор не може да остане на старите добри, „Земјата е рамна,“ „Плавооките луѓе се по потекло од Марс“ или „Ковачевски е од Харвард“. И на тоа поле се потребни новитети, особено кога постојат медиуми што се спремни да ги бустаат. Во случајов, Фокс њуз кој на секој начин пробува да ја пополни дупката во рејтингот која се направи со заминувањето на Такер Карлсон.

99% од Американците живеат во близина на мексикански ресторан

Мексиканците се демографски најпотентната група во САД и се очекува следната деценија да ги претекнат црнците. Што заради зголемената миграција, што заради мексиканските шефови како Енрике Олвера, Аарон Санчез, Сандовал и други кои ја популаризираа мексиканската кујна, да прашаш во Америка за мексикански ресторан е како кај нас да прашаш дали во близина има кладилница. 

Што знае вештачка интелигенција што е авторско право

Автори, креатори и медиумски величини како што е Њујорк тајмс веќе ја тужат вештачката интелигенција дека бесправно го користи нивниот труд заштитен со авторски права, за после да им се курчи на луѓе колку е паметна. ОпенАИ признава дека е така ама замолува авторските содржини да можат да се користат бесплатно барем за обука.

Папата бара забрана на сурогат мајчинството

Поглаварот на римокатоличката црква одамна го смета сурогат мајчинството за нехумана практика која е понижувачка и за мајката и за детето. Пред некоја година ја нарече „матка на изнајмување.“ Франциско бара глобална забрана на оваа практика и порачува дека е жално едно дете да постои на основа на комерицјален договор.

Колку мои пари одат за убивање Палестинци

Американски новинар решил да пресмета колкав е неговиот личен придонес кон војната и страдањата во Газа. Тргнал од данокот што ќе го плати и да смета колкав е тоа дел од американските пари што се слеваат во израелската држава. Не му испадна некоја голема сума но и толку не му се дава за да страдаат цивили и деца. Така доаѓа до потешкото прашање на кое, за жал, не наоѓа одговор.

Гужва на океаните

Користејќи сателитски снимки и вештачка интелигенција, истражувачи ја мапираа човечката активност на море со поголема прецизност од кога било досега. Се обелодени огромна индустриска активност што претходно не беше детектирана, од сомнителни  риболовни операции до експлозија на енергетски сектор во водите.

Руди Џулијани: Требаше да си земам пензија

На времето, кога беше јак, некогашниот њујоршки градоначалник Руди Џулијани, великодушно се откажа од пензијата која му следуваше, препуштајќи ги парите на градот кој го водеше. Сега кога е рикавела и мораше да прогласи личен банкрот, поштено се кае што дигнал раце од таа добивк, која досега ќе му донесеше околу половина милион долари.  

Џон Клиз ги напна фановите на Трамп

Џон Клиз им има нагазено на нерв на разни носители на модерното време кое тој прецизно го опиша: „Живееме во време на шупци“. Кансел културата ја надитри со тоа што самиот се откажа од себе (што мора други да те откажуваат?) а со транс-лобито се справи кога им кажа дека сака да е камбоџанска полицајка. Овојпат од него се тригерна големо парче публика - фановите на Трамп. Големо чудо.

Револт против разбудениот капитализам

2023 година му зададе неколку фини шлаканици на разбудениот капитализам и бизарниот тренд корпорации да им држат лекции на обичните луѓе за „социјалната правда“, климатските промени и другите псевдо-прогресивни каузи. Бад Лајт, Викторија Сикрет, Унилевер и многу други компании почувствуваа дека купувачите гласаат со своите паричници и сменија плоча.

Засади сомнеж во садењето дрвја

Во 2019 година, екологот Томас Кроутер предизвика глобален тренд за садење дрвја за да се компензираат емисиите на јаглерод. Четири години подоцна, некогаш главниот научен советник за „кампањата за трилион дрвја“ на Обединетите нации се пишмани и апелира до еко-лидерите да се откажат од идеите за масовно садење дрвја.

Нашиве и онака се ботови

Бразил троши 13% од целиот свој бруто домашен производ на плати и пензии за државни службеници. Огромен апарат од прилично неефикасни и неретко корумпирани лица кои живеат на државен трошок. Притоа, како и овде, глумат незаменливи, демек извршуваат сериозни државни, градски и управни задачи и операции. Како и овде, не се ни свесни дека во врат им диши ЧетГПТ.