За кусите момци: подобри сте отколку што ве мислат

По основа на животно искуство, авторка објаснува дека: ако маж е подготвен да излезе со повисока жена, постојат големи шанси дека тој е доволно сигурен во себе и за да прифати жена "која е компетитивна и ориентирана кон кариера." По научна основа: ниски мажи се мерак за низ куќа и за во врска.

Предноста кај пониските мажи, чисто статистички, е што вршат поголем дел од домашните задачи, заработуваат поголем дел од домашните приходи, и е помалку веројатно да се разведат. Сето ова во споредба со високите.

Во истражувањето на Њујорк Универзитетот учествуваат околу 5.000 семејства. За ниски се сметаат тие до 168 сантиметри, а високи се над 185.

Она што го откриваат е дека на пониските им е потешко да се оженат, меѓутоа кога еднаш ќе влезат во брак е многу помалку веројатно да се разведат. Стапката на развод меѓу високите и просечните мажи е речиси иста, меѓутоа кај ниските таа е помала за 32%. Едно од објаснувањето за ова е дека жените кои имаат отпор кон мажењето со ниски мажи е поверојатно да се откажат од врската пред да дојде до свадба.

Останатите бројки во корист на ниските мажи се:

- Домашна работа 8 часа и 28 минути неделно (околу 28% од вкупната работа), во споредба со 7 часа и 30 минути на високите.

- 78% од ниските заработуваат повеќе од своите партнери, споредено со 71% од високите.

28 август 2014 - 10:43