Јошка Фишер

Враќањето на грдиот Германец

За време на целовечерните преговори околу Грција на 12-ти и 13-ти јули, пукна нешто суштинско околу Европската Унија. Од тогаш, Европејците живеат во поинаков вид на ЕУ, пишува Јошка Фишер.

Според него Германија од крајот на Втората светска војна прави се' за да ја врати довербата на Европа, и да покаже дека ја интересира обединета Европа и ќе направи се' за планот да се оствари.

Клучната промена во последно време е тоа што почнува да се чувствува дека Германија ќе се грижи за своите интереси исто како и остатокот на Унијата.

"Патот по кој Германија ќе продолжи во 21-от век - кон 'Европска Германија' или 'Германска Европа' - е суштинското прашање во сржта на германската надворешна политика во изминатите два века. И тоа беше одговорено за време на долгите ноќи во Брисел, каде Германската Европа преовлада над Европската Германија.

Ова беше судбинска одлука за Германија и за Европа. Човек може да се чуди дали канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Волфган Шојбле знаеа што прават.

Да се отфрлат острите критики за Германија и нејзините водечки играчи, кои еруптираа по диктатот врз Грција, како што тоа го прават голем број Германци, е ставање розови очила. Секако, имаше бесмислена пропаганда за Четвртиот Рајх и глупави референции кон Фирерот. Меѓутоа, во својата срж, критиките изразуваат очигледна свесност дека Германија скршнала од сета своја пост-воена европска политика.

За прв пат Германија не сакаше повеќе Европа; сакаше помалку. Германската позиција ноќта меѓу 12-ти и 13-ти јули ја обзнани нејзината желба да ја трансформира еврозоната од европски проект во еден вид сфера на влијание. Меркел беше присилена да бира меѓу Шојбле и Франција (и Италија)," пишува Фишер.

Неговото толкување е дека вечерта Шојбле сакал да примора членка на еврозоната "своеволно" да си замине. Фишер, изборот на Грција го дели на излегување од еврото (со комплетна свесност за последиците) или прифаќање на програма "која и практично ја прави европски протекторат, без никаков надеж за економски напредок. Грција моментално добива лек - дополнително штедење - кој не функционирал во минатото и кој е препишан чисто заради германските внатре-политички потреби."

25 јули 2015 - 14:52