Вовед во функционирањето на Формула 1

Објаснувањето е повеќе за Формула 1 како бренд, организација и спорт, само што не е спорт. Не заради дебата на олимписко ниво околу тоа што и зошто се смета за спорт, туку заради чисто корпоративни причини.

За да биде спорт (во професионална смисла на зборот) треба да биде во сопственост на бизнис или мајка компанија која постои исклучиво или во најголем дел заради интересите на самиот спорт и тимовите. Наспроти оваа дефиниција Формула еден е во сопственост на компанијата ЦВЦ, која дава извештаи до акционерите и чија должност е да оствари што е можно повеќе профит за акционерите.

ЦВЦ го купува Ф1 бизнисот од Берни Еклстон, "може сте слушнале за него, тој е мал, отприлика 300 години стар маж чија способност за случување договори можеш да стави крај на Студената војна во рок од 2 часа."

Тој успева да го продаде спортот само затоа што претходно ги купи телевизиските права за него од глобалната мото-спорт асоцијација - ФИА. Берни правата ги купува во 2000-та од неговиот добар другар Макс Моузли.

"Берни ги купи правата за 100 години по цена од 300 милиони долари, што во едноставна корпоративна аналогија е како да влезеш во салон на Шевролет и не само да понудиш 25 долари за нов Камаро Z28, туку и да успееш да ги натераш да ти го продадат," пишува Крис Харис за Халопник, во објаснувањето за функционирањето на спортот.

Кога ги купува ТВ правата, Берни веќе ја поседува компанијата Формула 1 менаџмент, која е одговорна за преговорите за сите патеки на кои се вози Ф1 сезоната, како и недвижностите и целата логистика околу трките, "тој со манипулации и играње со егото и карактерите на лидерите во спортот постигнува позиција која никој не може да ја нападне."

Во 2005-та Берни го продава бизнисот на ЦВЦ партнерс.

"Формула 1 сега ја поседуваат група банкари кои треба да ја оправдаат цената што ја платиле за купување, и кои веројатно би сакале да го изолираат Берни, ама кои сфатиле дека бледата диктатура кое тој го водел може да биде управувана само од еден човек - Берни Еклстон.

Значи Формула 1 е бизнис кој управува со спортска активност што генерира приходи од 1,8 милијарди долари, ама кој само околу половина од ова им редистрибуира на тимовите. Таа комплетно е во сопственост на акционери кои го вработуваат Берни да ја врши нивната работа наместо нив, само што во реалноста тие над него имаат исто контрола како и маж кој го гледа своето младо куче како безглаво трча наоколу и брка други кучиња дека го преколнува да престане: 'Стој!!! Берни СТОЈ! СТОЈ ДА ТИ ЕБАМ,'" објаснува Харис.

За позицијата на Ф1 огромна одговорност имаат и сопствениците на тимови кои речиси 30 години не можат да се договорат за што било. "Не успеавме да се договориме ни кога ќе ни биде следниот состанок," знае да биде одговорот на Берни запрашан од медиумите што договориле на состанокот со сопствениците на клубовите. Благодарејќи на оваа нестабилност Берни успеа да направи милијарди.

"Кога Луис Хамилтон ќе заврши 5-ти, па и покрај тоа се уште нема да успее да ја освои титулата во 2014-та заради спор пит-стоп, иако има предност од 17 поени пред последната трка, е тоа е корпоративната позадина на Ф1. Затоа Ф1 е она што е.

Ова е бизнис кој во 2014-та одлучил да даде 2 пати повеќе поени на последната трка од шампионатот, дали за да ги направи работите интересни до крајот на првенството, или за да им наплати повеќе на Абу Даби за да бидат домаќини на последната трка, изберете според вашето ниво на цинизам. Никој од нас фановите не може да разбере зошто. Најголем дел од луѓето во Ф1 ја мразат оваа идеја. Ама ова сепак се случува.

Ова е бизнис кој, наспроти волјата на тимовите и голем дел од публиката одлучи да воведе турбо мотори со мал капацитет и хибридност, за да се порамни со индустријата која го поддржува, и знаеш што, секој на кој ова не му се допаѓа може да оди да се ебе," објаснува Харис (текстот е пишуван пред последната трка од викендот).

И покрај се горе кажано Харис објаснува дека е свесен дека Еклстон и е неопходен на Формула 1, и дека етиката и мото-спортовите не се битни едни на други, и едни за други не постојат. Според него, спортот и текстовите на новинарите кои плукаат по Берни би биле многу подосадни без него, а да не се лажеме и тимовите секоја година ќе се закануваат дека ќе ја напуштат Ф1 ама тоа нема да се случи (освен ако не банкротираат).

24 ноември 2014 - 12:00