Вицовите на Путин

Хрватскиот претседател Месиќ своевремено беше цар за вицеви. И Владимир Путин обожава да ги кажува ама најсмешно од сè е кога е видите колку Ангела Меркел не е импресионирана од нив.

Песимистот, оптимистот и стеницата (за меѓународната ситуација)

Веќе сум го кажувал овој стар, ама одличен виц, но не можам да одолеам да не го кажам пак. Значи, си биле песимист и оптимист. Песимистот се напил коњак и рекол "Ова ми мириса на стеници." Оптимистот земал стеница од ѕидот, ја помирисал и рекол: "Мене ова ми мириса на коњак"

Поентата ми е дека попрво би бил песимист кој пие коњак отколку оптимист кој мириса стеници. Дури и ако оптимистот живее нешто посреќен живот...."

Плинот и Германија

Не сфаќам зошто Германците не ја сакаат нуклеарната енергија. Не сакам тоа да го коментирам но.... Не разбирам како ќе се греете. Не сакате ни плин, не сакате ни да развивате нуклеарна енергија. Што ќе правите, на дрва ли ќе се греете? А и дрвата треба да ви дојдат од Сибир.

Црно - бела економија

Ќе ви раскажам една наша стара анегдота: Се среќаваат двајца пријатели и се прашуваат:

- Како е?

- Па некако е пругасто, црно и бело.

А како е моментално?

- Црно.

После половина година пак се сретнуваат:

- Како е? Чекај, знам дека е пругасто, ама како е сега?

- Црно.

- Чекај, па црно беше и минатиот пат.

- Испаѓа дека тогаш беше бело.

Шпионот кој само сакаше да се предаде

Доаѓа шпион во КГБ и вика:
- Јас сум шпион, сакам да се предадам.
- Чиј шпион сте?
- Американски.
- Одете во соба број 5.
Шпионот оди во соба број 5 и вика:
- Јас сум американски шпион и сакам да се предадам.
- Вооружен ли сте?
- Да.
- Тогаш одете во соба број 10.
Оди во соба број 10 и вика:
-  Јас сум американски шпион, вооружен сум и сакам да се предадам.
- На мисија ли сте?
- Да.
- Тогаш одете и завршете ја мисијата, престанете да им досаѓате на службите.

За односите на Европа со САД

Постојат многу анегдоти на оваа тема... На пример, што и да правите на првата брачна ноќ, резултатот би требало да биде ист... Сфаќате?

Ангела не баш.

20 октомври 2016 - 10:15