Вегетаријанството никако не помага околу климатските промени

Пред кое било решение што ветува одржливост на системот на храна во светот да биде сфатено сериозно, треба да мине три прашања: дали пак купуваш од продавница, дали менува само неколку работи или скоро сè во твојата исхрана, дали ти дава изговор да не направиш сериозни промени во исхраната? „Да“ на кое било од овие прашања е знак дека решението е гола вода на граница со измама.

Важно е да се знае дека самата етикета „вегетаријанска“ исхрана од еколошка перспектива нема никаква тежина или значење, затоа што вегетаријанецот што купува овошје или зеленчук од масовен производител остава многу поголем „екоотпечаток“ отколку човек што повремено јаде месо, и тоа го купува од мали локални производители. Ова равенство е точно само доколку првиот во својата исхрана користи супститути за месо, а вториот неделно не јаде повеќе од 500 грама товено месо.

Она што е заедничко и за двата лика е дека „ниту една од нивните исхрани или навики за набавка на храна нема да го решат проблемот со одржливоста“.

Иако растенијата трошат помалку ресурси и помалку загадуваат отколку производството на месо на индустриско ниво, таа предност значително се намалува кога овошјето и зеленчукот ќе ги ставиш наспроти глобалната побарувачка.

„Сте се запрашале некогаш зошто доматот од продавница има вкус на ѓубре? Затоа што има побарувачка за него во текот на целата година. Околу 90% од зимските домати доаѓаат од Флорида, каде што ниту почвата ниту климата не одговараат за нивно растење, меѓутоа таму е доволно топло - а системот на производи го наградува приносот и рокот на траење на сметка на вкусот. Истото може да биде кажано и за кој било безвезен постојано достапен плод во супермаркетите: бобинките, овошјата што растат на дрвја, па дури и зелената салата и коренестите зеленчуци што ги гледате во супермаркетите се краен резултат на глобалната трка до дното каде што вкусот и одржливоста се заменети со принос и рок на траење“, пишува фармерот и сопственик на Силанаква фармс, Крис Њуман.

Без разлика на сето тоа што го зборува за овошјето и зеленчукот, според Њуман главната мана на вегетаријанската исхрана се основните продукти: пченка, пченица, соја и ориз, кои „се произведуваат речиси ексклузивно во пространи еколошко-анатемични монокултури. Толку се големи, што астронаутите можат да видат како напролет потемнуваат цели парчиња од Земјата кога земјоделците ја уништуваат нативната биологија на почвата обидувајќи се да направат простор за вештачки наметнат поредок на полињата за житарки“.

„Не тврдам дека вегетаријанската исхрана е одговорна за сите полиња со жито во Америка. Тврдам дека вегетаријанската исхрана, како што е претставена од луѓето што тврдат дека решението е 'само' да се префрлиш од месо на зеленчук, зависи од овие полиња кои се одговорни за биолошката смрт што е толку масовна, што може да се види од вселената.

Органското производство го забавува, ама не го сопира крварењето. Називот 'органски' е природната маска што се става на опсежно неприроден систем во кој, исто како и кај индустриското земјоделство, нативните екосистеми се менуваат со цел да се извади мал број скапи продукти за глобалниот пазар. Во секое време од годината, секаде низ земјата може да купиш органски бадеми, домати и зелени салати растени на фарми сред пустини и заливска клима, кои ги исцрпуваат подземните води. Избегнувањето на спрејови, орање и синтетички ѓубрива не компензира за штетите што ги предизвикува“, пишува Њуман.

3 февруари 2017 - 13:03