Унилатерално прогласување на Норвешка за комшија на годината

Група Норвежани започнаа кампања за нивната држава да и даде цела една планина на Финска како подарок за 100-годишнината од независноста на нивниот сосед. Зошто баш планина? За и Финска да има барем една планина.

Подарокот ќе значи дека Норвежаните ќе треба да ја повлечат границата за околу 200 метри, и ќе изгубат вкупна територија од 0,015 квадратни километри.

Изборот паѓа на планината Халти не само затоа што е на граница со Финска туку затоа што таа не влегува ниту во топ 200-те највисоки врвови во Норвешка, а во Финска би била највисоката планина во земјата.

Колку е рамно во Финска? Еве:

"Ова нема многу да промени во површината на Норвешка ниту на Финска, ама ќе направи голема разлика со тоа што највисоката точка во Финска ќе биде планински врв, а не рид," објаснува пензионираниот геолог Бјорн Геир Харсон, кој ја започнува целата кампања за подарување на планината.

 

Реакциите околу кампањата во најголем дел се позитивни, и изгледаат како на Норвежаните да не им дојдено многу до Халти, а поддршка дала и раководителката на норвешката агенција за мапирање. Финците секако се спремни за подарокот и немаат ниту една забелешка.

19 декември 2015 - 14:05