Со што сè се гаѓа по политичарите

Минатата недела во Лас Вегас една жена од непосредна близина маваше со кондура по Хилари Клинтон. Благодарение на сите пропуштени часови по физичко, успеа да го промаши поранешниот Државен секретар на САД.

1. Чај од праска со јаворов сируп
Минатото лето беше уапсена жена која го гаѓаше градоначалникот на Торонто, Роб Форд, со чај од праска. "Нападот" се случил додека Форд со својата придружба се фотографирал за време на еден уличен панаѓур.

2. Со јајце по бивши боксер
За време на парламентарните избори во 2001-ва, тогашниот заменик премиер Џон Прескот, беше удрен со јајце од непосредна близина. Прескот кој е поранешен боксер веднаш врати со удар со лева. По ова настана гужва. Тони Блер за целиот инцидент само изјави "Џон е Џон."

3. Сувенирот што го раскрвави Берлускони
По еден митинг во Милано во декември 2009-та, тогашниот премиер Берлускони беше погоден со сувенир со изглед на Миланската катедрала. Според првите извештаи полицијата изјави дека политичарот бил удрен во лице, за подоцна да се ревидира дека било фрлано по него.

Рендгенските снимки покажаа оштетување на два заба. За инцидентот беше уапсен еден 42-годишен маж.

4. Сендвич со чајна за премиерката
Минатиот мај на премиерката на Австралија, Џулија Гилард, беше фрлен сендвич со чајна салама за време на посета на едно училиште во Канбера. Ова беше втор пат месецот неа да ја гаѓаат со леб.

5. Оланд со пакет брашно
За време на претседателските избори во 2012-та, Оланд беше погоден со бомба со брашно.

Обезбедувањето веднаш скокна да го заштити претседателскиот кандидат, а напаѓачката беше уапсена, и потоа за раце и нозе изнесена надвор од салата.

6. Буш во Багдад
Во еден од најпознатите инциденти, беше фрлена кондура на Буш за време на неговата прес конференција во Багдад во декември 2008-ма. Напаѓач беше новинарот Мунтадар ал-Заиди.

Во арапскиот свет, покажувањето ѓон од чевла е една од најголемите навреди.

7. Патика во Врховниот суд
За време на судскиот претрес во врска со медицинска марихуана во јануари 2010-та, маж со патика ја гаѓаше претседателката на Врховниот суд на Израел. Патиката ја погоди судијката директно меѓу очи, кршејќи и ги очилата и ја турна од столица. Мажот што фрлал бил незадоволен од една пресуда од пред 4 години. Тој е уапсен и подоцна се извинил на судијката.

8. Чевлите за Ахмадинеџад
Ахмадинеџад за време на својот мандат беше гаѓан со чевли најмалку 5 пати. Причините за инцидентот беа различни во секој од случаите. Во еден случај основата беше што човекот не добил социјална помош, во друг затоа што претседателската колона од возила удрила постара жена и не запрела.

14 април 2014 - 14:54