Слободни економски зони за германски уметници

На британските плажи се закопани над 30 златни шипки, а нивната локација единствено ја знае еден германски уметник кој и ги закопал таму. Кој си ги најде негови се.

Закопаното злато вреди околу 10 илјади фунти, а закопувањето е дел од уметнички перформанс на Германецот Михаел Саилстрофер.

Во целиот предизвик мала препрека за тие што ќе излезат на плажа со детектор за метал е што Саилстрофер има закопани многу повеќе безвредни парчиња метал, отколку злато.

Секое од парче злато вреди нешто над 300 фунти и е долго неколку сантиметри.

"Ова е прв пат до сега да сум влегол во кола и да брзам да одам да видам некое уметничко дело," изјавил за Гардијан еден трагач по загубено богатство.

29 август 2014 - 15:04