Сите грешите со стикот за под мишка

Предупредување: насловот никако не треба да се сфати како повик за не користење на антиперспирант, истиот и понатаму беспоштедно треба да го користите, само поинаку.

Уредникот на Верџ кој најголемиот дел од животот го минува во хидрометеоролошки разумниот Њујорк, пред неколку години се сели во Тексас каде "температурите без никаков посебен проблем стигаат до +40 степени". Тука не му помага ниту еден антиперспирант.

Откако го консултира интернетот и седнува да ги чита упатствата на антиперспирантите тој доаѓа до најнелогичниот можен заклучок - антиперспирантите се ставаат пред да легнеш да спиеш.

"Антиперспирантите ги затнуваат каналите за потење, спречувајќи ја влагата да излезе од вашето тело. Со тоа што ќе го ставите навечер, антиперспирантот има време да ги затне овие канали. Откако антиперспирантот се сместил, тој треба да трае 24 часа, дури и ако некој остаток биде испран на туширање," објаснува Крис Планте за Верџ.

Проблемот со регуларната рутина, на ставање наутро по туширање е што тогаш е поверојатно телото да почне да се поти пред антиперспирантот да може да функционира.

25 јули 2015 - 12:09