Си меркелуваме

Иако не е влезен во официјалниот германски речник, "Меркел" од годинава стана глагол во германскиот јазик, барем меѓу младите.

Додека меѓународно изгледа прилично одлучна и принципиелна, Меркел по дома е позната по својата "чекај па ќе видиме" стратегија, и намерно општиот став кон клучни прашања.

Токму ова е и основата за "Merkeln", глагол кој значи "да не се прави ништо, да не се носат одлуки, да не се даваат изјави."

"Merkeln" е во конкуренција за "Младешки збор на годината" што го организира Langenscheidt, германската компанија за речници. Зборот ментално е на прво место на листата а зад него се "Earthporn" и "Smombie," комбинација од смартфон и зомби, кој се користи за да се опише "некој што е опседнат од својот смартфон и не гледа каде оди."

"Иако е далеку од пофално, терминот 'Merkeln' е индикатор за опсегот на нејзината политичка присутност, демонстрирајќи дека таа барем постои на радарот на младите гласачи, типично нај незаинтересираната и тешко достапна демографија меѓу електоратот," пишува Есме Николсон за НПР.

27 август 2015 - 11:37