Сериската црна вдовица на Јапонија

Во 2013-та беше најден мртов 75-годишниот Исао Какеи, сопруг на 68-годишната Чисако Какеи. Полицијата утврдува дека во прашање е срцев удар, а за цело тоа време Чисако е совршено ужалена вдовица. По ова се случуваат две работи: прво, полицијата дознава дека двајцата биле во брак едвај еден месец, и второ, ова не и е прв пат на Чисако да заврши како вдовица.

Истрагата наоѓа цела серија мажи со кои Чисако била во брак или во врска, за пари, и потоа ја снемува по денот на погребот. Таа е обвинета околу смртта на 6 постари мажи, на кои им била единствен наследник во тестаментот.

На нејзината листа се:

- првиот сопруг, во Кјото, умира на 54 години
- вториот сопруг, го запознава преку агенција за контакти и умира во 2006-та од срцев удар
- третиот умира во 2008-ма на 75 години од труење
- една година подоцна, дечко и' умира од рак
- во 2012-та и умира свршеникот во сообраќајна несреќа со мотор. Обдукцијата му наоѓа цијанид во крвта.
- четвртиот сопруг умира во декември 2013-та, откако наеднаш му се влошува здравјето

Откако е во притвор од почетокот на 2014-та, Чисако е поврзана со смртта на уште еден 75 годишен маж, кој исто така умира од неразјаснети причини.

Се проценува дека Чисако во изминатите 2 децении е наследник на 6,8 милиони долари, што ги собира како осигурување и друг имот останат од покојниците. Полицијата се сомнева дека Чисако е поврзана со уште најмалку 6 смртни случаи.

14 септември 2015 - 13:51