Селото кое само што го доби својот прв фрижидер

Три четвртини од светските домови имаат фрижидер. Од пред некој ден бројката е три четвртини и еден кројач од Индија (кој нормално има мобилен многу пред да има фрижидер), кој е прв во своето село.

Сантош Чаудхури живее во Рамешварпур во околината на Калкута, и 10 години сонува да има фрижидер. Тој е првата генерација во неговото семејство што има фрижидер, никој од времето на татко му и дедо му "воопшто нема видено" такво нешто. Подновата во бела техника на Чаудхури ја дочека цело село.

Уредот е црвен (бордо), го купува во центарот на Калкута и тоа на попуст, по цена од 11.000 рупии (160 евра). За сумата штедел секој месец по малку од плата во последниве 10 години. Половина од сумата ја платил веднаш, а остатокот ќе може да го плати на рати.

Во двособната куќа (колиба), фрижидерот го сместува веднаш до машината за шиење (која му треба за работа) и малиот телевизор. Главниот муабет меѓу селаните кои дојдоа да го видат фрижидерот е "замисли нема да мора секој ден да купуваат свеж зеленчук."

Во Индија просекот на фрижидери е еден на секој четири домови. За споредба во развиените земји просекот е околу 99%. Кина имаше сличен проблем пред само една деценија со 24-процентна покриеност на домаќинствата со фрижидери. Денес ова изнесува 88%.

Првите производи во фрижидерот се - домати, црн патлиџан, јајца и млеко. Фрижидерот е Панасоник.

28 јануари 2015 - 16:56