Само 3 града се понудиле да бидат домаќини на летната Олимпијада 2024

Од првично заинтересираните 17 градови, само Будимпешта, Париз и Лос Анџелес ја задржаа својата кандидатура за 33-те Олимписки игри. Организаторот ќе биде избран на 15 септември годинава во Лима.

Од 17-те, прво се откажа Баку, по падот на цената на нафтата, па Рим, па Хамбург и Бостон, Доха, Дурбан, Гвадалахара и Санкт Петербург кој уште има кошмари од зимската Олимпијада во Сочи која чинеше 50 милијарди долари.

Будимпешта до сега неколку пати неуспешно се има кандидирано (дури и пред Втората светска војна), а Париз и Лос Анџелес веќе беа домаќини по двата пати, првиот во 1900 и 1924, а вториот 1932 и 1984.

Клучно во статусот е што овие кандидати се "за сега", бидејќи постојат сериозно предвидувања дека во септември на гласањето би можел да се појави само еден кандидат.

Париз уште од сега има противници, по основа дека трошоците за организирање на Игрите се станати бизарни и преголеми, посебно заради се поголемите безбедносни потреби. Друга работа што ја спомнуваат Французите е дека последната рата од кредитот за зимската Олимпијада во Гренобл 1968, ја имаат исплатено дури во 1992. (Канада ги исплати Монтреал 1976 дури во 2006.)

Номинацијата на Будимпешта се доживува како споменик од Орбан за самиот себе и својата политичка ера. Противничката иницијатива веќе има собрано 260.000 потписи за откажување од организација.

Меѓу условите што се поставуваат од Меѓународниот олимписки комитет се изградби на големи и удобни сали, игралишта и различни спортски терени, кои најчесто по завршувањето на игрите никогаш повторно не се користат.

Слично е и со потребната инфраструктура (аеродроми, патишта...) која ќе биде искористена во цел капацитет само во месецот околу Игрите и никогаш повеќе. Единствени три Олимпијади по Втората светска војна кои бележат позитива се: Лос Анџелес 1984, затоа што градот ја има неопходната инфраструктура, Барселона 1992, затоа што земјата тогаш беше економско чудо, и до некаде Лондон 2012.

22 февруари 2017 - 15:33