Пусто нацистичко

Едно од правилата за маркетинг кампањи во Германија е кога прославуваш годишнини да се потрудиш 1940-та да не ја ословуваш како "старите добри времиња," без разлика колку си добронамерен.

Ова беше темата и слоганот на Кока-кола за прославата на 75-от роденден на Фанта во Германија. Рекламата е сосема коректна, и ја раскажува приказната за настанувањето на пијалакот, кој е создаден затоа што тогашните германски производители немале состојки да направат Кока-кола.

Рекламата се нарекува "Старите добри времиња," а видеото завршува со пораката "За да ја славиме Фанта, сакавме да ви го вратиме чувството од старите добри времиња."

Тука има две работи. Прво, ако направиш математиката, 75 години наназад е 1940-та почетокот на Втората светска војна и кулминација на моќта на Нацистите. Второ, во приказната се изоставува да се каже дека Германците немале пристап до состојки за Кока-кола, бидејќи биле сред војна со остатокот од Европа.

Кока-кола веднаш ја повлече рекламата, а портпаролката на компанијата се извини за навредата што ја предизвикала.

5 март 2015 - 14:57