Почина Кимбо

На 42 годишна возраст почина Кимбо Слајс, ММА борец и некогашен крал на уличните тепачки. Причините за смртта засега се непознати.

Роден на Бахамите, како Кевин Фергусон, Кимбо се преселува како дета во САД. Нерговиот физикус и кубикажа му ја одредуваат кариерата: работи како вратар во стрип клуб а потоа како обезбедување и шофер на лимузина на Reality Kings, познатата порно продукција од Мајами.

Вирално станува популарен откако неговите улични тепачки почнуваат да се споделуваат на интернет. Во првата тепачка со бокс му го рассекува окото на противникот поради што го добива прекарот Слајс. Ги добива сите улични макљажи, освен една, кога губи од полицаец од Бостон. Подоцна станува боксер и ММА борец.

Надвор од кафезите бил мирен семеен човек со шест деца.

7 јуни 2016 - 09:26