Островот со поделено чувство за газда

Се вика Островот на фазанот, се наоѓа сред реката Бидасоа, има нула жители, и во зависност од делот од годината кога се интересирате за него или и припаѓа на Франција или и припаѓа на Шпанија.

Двете земји во 1659 потпишуваат договор за негово владеење, кој предвидува дека Франција и Шпанија ќе имаат наизменичен суверенитет врз островот.

Па така секој февруари француските власти се среќаваат со своите шпански колеги за да им го предадат владението на островот. Во август секоја година, Шпанците се тие што го враќаат назад. И ова трае повеќе од 350 години.

Теоретски човек би можел да преспие на шпанскиот остров и да се разбуди на француска територија. Практично, островот е толку мал и толку е многу забрането стапнувањето на него, што ова никогаш не би можело да се случи.

Пред да биде вака изолиран островот служи како место на кое се дава раката на принцезите (од едната или од другата земја) за брак со принцовите (од едната или од другата земја).

28 февруари 2017 - 17:58