Северно-европски проблеми

Ни животно не можеш да бидеш на раат

Од сите видови туризам што можеа да цветаат во Данска, се погоди да успее баш - туризмот за секс со животни. Главна кривица за ова е што кај сите нивни соседи, ваквите активности од неодамна беа забранети.

Минатата година Германија официјално го забрани сексот со животни без разлика дали животното е повредено во процесот (ова беше една од клучните поенти на борците против забраната).

Како што е редот зоофилите имаат и свое здружение во Германија, именувано ЗЕТА (за инает на другата група луѓе која сака животни - ПЕТА). Нивната забелешка околу законот што забранува зоофилија е дека тој е во спротивност со германскиот устав. Основата по која тие се вадат е дека ако животните не се повредени за време на сексот, тогаш станува збор за 'морален закон.' Ова па е проблем во Германија затоа што Хитлер своевремено сите злосторства ги правеше по основа на морални гревови. (ЗЕТА има и проблем затоа што не се официјално признаени во Германија, па нивните забелешки не се земаат предвид.)

Во меѓувреме слични закони беа донесени и во Норвешка и останатите европски држави. Редок исклучок од ова е Данска.

Според данските новинари ова резултира со цели автобуси туристи од соседството, кои се истоваруваат во соодветни фарми за да имаат секс со животни и слични примери за ширење на туризмот низ земјата.

Барањата до данскиот министер за земјоделие за воведување на сличен закон како германскиот, беа одбиени откако беше изготвен официјален државен извештај според кој - ако не се повреди животното, во тој случај не станува збор за кривично дело.

16 септември 2014 - 18:50