Не е страшно што само третина од парите за АЛС се трошат за АЛС

Од истурањето кофи мраз на глава, АЛС здружението собра 90 милиони долари, од кои според нивниот годишен извештај, само неполни 30% ќе завршат за она за што беа собирани - истражување на болеста.

Во критиката околу начинот на кој се трошат парите, се споменуваат стандардите за ефикасност на ЕЦФА, според кои 80% од фондовите што ги собираат непрофитните организации треба да се трошат на каузата.

Одбраната на АЛС здружението е дека тие во основа имаат поширока мисија, заради што не треба да ги држат одговорни за овие 30%.

"Мисијата на АЛС асоцијацијата е да ја води борбата за третирање и лечење на АЛС преку глобално истражување и национална кампања, додека во исто време им дава поддршка на луѓето со Лу Гериг болеста и нивните семејства, за да имаат поисполнети животи."

Ако се има ова во предвид, тогаш на 27-те проценти што се даваат за истражување на болеста, треба да се додадат и 32% за "образование на јавноста и професионалците," и 19% за "услуги на заедницата и пациентите." Се на се, ова претставува 79% од парите.

Дополнителна забелешка имаше и на платите на директорите на АЛС асоцијацијата, чиј просек беше околу 298 илјади долари годишно. Ставено во табела со истата ставка кај други непрофитни организации, овој трошок на АЛС е некаде во самиот просек.

1 септември 2014 - 12:35