Мој је живот Шведска

Во Америка треба да имаш богат татко што цело време ќе ти попушта, за да можеш да живееш како што живее просечен шведски работник, порачува кампањата за промоција на Шведска.

Шведската трговска организација TCO, која е конфедерација на синдикати, ја нарача "Like a Swede" рекламата која во основа преставува 3-минутна ода на бенефициите на шведските работници.

Главен лик во рекламата е жител на Беверли Хилс, кој работи кај татко му и успеал од него да добие 6 неделен годишен одмор, плус 6 месеци трудничко "како Швеѓанец."

Како што објаснува спотот, сите бенефити (што се прикажани во рекламата и други) на шведските работници се должат на шведскиот модел на преговори меѓу синдикатите и работодавците.

"Целта (на рекламата) е шведскиот модел да биде виден и на друг начин. Луѓето често многу малку знаат за него, заради што за синдикатите е потешко да го оправдаат своето постоење. Шведскиот модел значи дека двете страни можат да зборуваат за она што е потребно во некоја конкретна индустрија, и да бидат флексибилни, наместо да имаат ригидно законодавство кое не веруваме дека е добро за шведската економија," објаснил портпаролот на TCO.

24 јануари 2014 - 20:30